6 C
Skopje
недела, октомври 6, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Предистражна постапка за лекари што им издавале фалш боледувања на обвинети од СЈО

    Скопското обвинителство ги проверува наодите на своите колеги од специјалното јавно обвинителство дали тројца лекари им издале фалш медицински белешки за боледување на обвинети во предметите на СЈО, дознава „Макфакс“. Од ОЈО Скопје само потврдија дека предметот е земен за работа. Обвинителството, по анализа на наодите, треба да одлучи дали има елементи за кривичното дело фалсификување службена исправа.

    Основното јавно обвинителство Скопје кон крајот на 2018 година отворило предистражна постапка за овој случај кога претходно Државниот санитарен и здравствен инспекторат со извештај констатирал пропусти при проверките на медицинските белешки.

    По барање на специјалното јавно обвинителство, Инспекторатот лани направи серија проверки и утврди дека медицинската документација за боледување на Гордана Јанкулоска (обвинета во неколку предмети на СЈО), Ѓоко Поповски (обвинет во „Триста“ и „Тенк“) и Милан Андоновски (обвинет во „Насилство“), со што ќе го оправдаат отсуството од судските рочишта, има низа пропусти.

    Инспекторатот испратил екипи во приватна здравствена установа и во специјалистичка клиника, од каде што на обвинетиот Милан Андоновски му беше издадено боледување непосредно пред одржувањето на едно од судските рочишта за предметот „Насилство“.

    Инспекторите тогаш ја одзеле комплетната медицинска документација за обвинетиот и им ги предале на Лекарската комора и на Фондот за здравствено осигурување. Андоновски вадеше боледувања поради што беше одложено едно од судењата за насилствата пред Општина Центар.

    Неофицијално, некои од лекарите што ги издале боледувањата не ги исполниле потребните прописи, а не биле направени соодветните лабораториски анализи. Обвинителката Фатиме Фетаи пред едно од рочиштата посочи дека боледувањата на обвинетиот Андоновски му биле издавани наменски непосредно ден пред судењата. СЈО се посомнева во оправданоста на отсуствата и побара притвор за Андоновски.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.