Сите дома сакаат да имаат убаво растение кое ќе им го разубави просторот и со кое куќата или станот ќе биде дом, но сепак, најчестите растенија кои ги имаме дома можат да бидат многу опасни за нас и за саканите околу нас.
- ФИКУС
Фикусот во своите листови има млечен сок кој е отровен. Има околу 800 подвидови на фикус, а речиси сите во контакт со кожата предизвикуваат чешање и црвенило.
- ПАПРАТ
Папратот може да доведе до тоа да имате утрински главоболки, а мирисот може да предизвика несоница.
- КРОТОН
Ако го фатите без ракавици може да ви се појават црвенила и отоци. Има млечна течност во себе која може да ја иритира кожата.
- ФЛАМИНГОВ ЦВЕТ
Може да делува на тоа да имате пецкање на устата или проблеми со гласните жици со супстанците кои ги испушта.
- ДИФЕНБАХИЈА
Таа може да предизвика печење на очите, па дури и слепило.
- ХОРТЕНЗИЈА
Може да предизвика болки во стомакот дури и неколку часа откако ќе јадете. Симптоми се и омалаксаност и потење.