Постар жител на Јужен Велс, станал милионер, откако чистејќи го својот автомобил нашол лото тикет кој заборавил дека го уплатил.
Сакајќи да остане анонимен, тој раскажал дека заборавил на тикетот што го уплатил минатата година во јануари, па случајно го нашол чистејќи го автомобилот, а кога проверил на интернет се запрепастил кога видел дека е добитно и му носи 980.000 евра.
„Среќен сум што не го фрлив во ѓубре заедно со останатите ќеси од автомобилот. Малку е глупаво што цели 414 дена, тикетот стоел таму, а можев да си земам пари и порано, но нема врска барем сега ги добив“ раскажа тој пресреќен.
Вели дека парите ќе ги вложи во отплата на куќата, за своите деца и внуци.