Јужноафриканецот Кевин Андерсон се пласира во полуфиналето на тенискиот Гренд слем во Њујорк. Андерсон во четвртфиналето го совлада домашниот фаворит Сем Квери.
Мечот помеѓу двајцата врвни сервери, заврши во два часот по полноќ, но сите оние кои беа на стадионот сведочеа на голема борба помеѓу Андерсон и Квери.
Јужноафриканецот кој има 31 година прв пат во кариерата ќе игра во полуфинале на некој Гренд слем турнир.
Андерсон мечот го доби со 3:1 (7:6, 6:7, 6:3, 7:6) и во полуфиналето ќе игра против Карењо Буста Агут.
Шпанецот во досегашниот дел од турнирот сеуште нема загубено сет, а во четвртфиналето го победи Аргентинецот Дијего Шварцман со 6:4, 6:4, 6:2.