6 C
Skopje
сабота, октомври 5, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Пратенички прашања без опозиција, премиерот ќе одоговара само на позицијата

    По подолго време, во четврток во 11 часот закажана е седница на Собранието посветена на пратеничките прашања, но иако ова е прв настап на премиерот Емил Димитриев, тој ќе одговара на прашања само на пратениците од власта. Имено, пратениците на СДСМ, НСДП и на ЛДП, на денешната собраниска седница за пратенички прашања нема да учествуваат.

    emil-dimitriev

    Премиерот за спроведување на предвремени парламентарни избори Емил Димитриев, првпат ќе одговара на прашања на пратениците откако е на должноста, но најверојатно само на оние прашања кои ќе доаѓаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ.

    Опозициската СДСМ, следена и од помалите опозициски партии, минатата недела ги замрзна своите активности во Собранието во обид да изврши притисок врз Уставниот суд да ја стави на дневен ред точката за оценување на уставноста на Специјалното јавно обвинителство.

    Последен пат седница посветена на пратенички прашања имаше на 29-ти јануари, пред поранешниот премиер Никола Груевски да ја напушти функцијата како дел од пржинскиот договор. Оттогаш, седница за пратенички прашања не беше закажана затоа што извесен период собранието беше распуштено, поради закажуваните па поместувани датуми за одржување превремени парламентарни избори.

    Опозиција побара седница за пратенички прашања уште на трети овој месец, но претседателот на Собранието Трајко Вељаноски соопшти дека тогаш не беа исполнети условите за одржување на ваква седница, затоа што, како што рече, не биле изминати првите сто дена од изборот на Емил Димитриев за премиер, и затоа што беше распуштен Парламентот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.