Некогаш најплатениот модел во светот, Наоми Кембел, минатата година најави дека планира да оди во „пензија”, но сепак одлучи да прошета на модната писта и тоа сосема гола во проѕирен фустан што ги откри нејзините гради и задникот.
Наоми беше дел од модната ревија во Париз, и многумина се воодушевија кога ја видоа на пистата. Таа се појави во проѕирен црн фустан, во кој се наѕираа нејзините совршено обликувани стомачни мускули и задник.
Кембел не се појави на модните писти од 2005 година, но странските медиуми известуваат дека таа останала во пријателски однос со повеќето дизајнери и дека често може да се види во првите редови на ревиите.