6 C
Skopje
петок, февруари 23, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    По убиството на полскиот градоначалник, повици за нови убиства

    После убиството на градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович, полицијата уапсила три лица зошто на социјалните мрежи повикувале на нови убиства.

    Министерот Јоахим Бруџински изјавил дека се работи за „интернет тролови“ и „неурамнотежени“ лица. Не е познато за чие убиство повикувале пренесе АП.

    Адамович беше либерален градоначалник, избран дури шест пати. Почина еден ден откако со нож го нападна поранешен осуденик.

    Напаѓачот го избоде со нож Адамович на бината за време на голем хуманитарен собир, по што извикал дека со тоа ѝ се одмаздува на поранешната владеачка партија, зашто, како што рекол, невин бил во затвор.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.