Розен Бар, американска комичарка чие телевизиско шоу беше откажано минатата година по нејзината расистичка забелешка на „Твитер“, го посети ерусалимскиот Стари Град како дел од нејзиното патување во Израел.
Бар пристигна во Израел минатата недела во придружба на познатиот рабин Шмуел Ботех, а фоторепортерите ја снимија пред Ѕидот на плачот.
View this post on Instagram
#ShmuleyRoseanneIsrael
A post shared by Shmuley Boteach (@rabbishmuley) on
„Немам зборови што ја опишуваат врската што ја чувствувам со Бог, со Тор, со мојот народ“, рече Бар, која се декларира како Еврејка.
Бар еднаш напиша на „Твитер“ дека поранешната советничка на Обама, Афроамериканката Валери Џаре, изгледа како муслиманското братство и планетата на мајмуните да имале дете.
Таа подоцна изјави дека нејзиниот испад на „Твитер“ е непростлив и се обиде да се извлече со, како што рече, психолошка болест.