Кога минатата седмица почнало мед да им тече по ѕидовите од собите, парот од Пенсилванија открил дека во нивното поткровје има колонија од повеќе десетици илјади пчели.
Андреа Исабел и нејзиниот сопруг Џастин живееле пет години во 100 години стара куќа без никакви проблеми, кога по обилните дождови минатата седмица воочиле дека нешто жолто им тече по ѕидовите.
Еден ден подоцна погледнале малку подобро па сфатиле дека станува збор за мед, пренесува Си-ен-ен.
„Никогаш досега не сме слушнале зуење“ – изјавила Андреа за медиумите.
„Кога почна да тече тогаш погледнавме горе“.
Парот открил дека пчелите летаат над прозорците од спалната соба во нивното поткровје, пчеларот кој што го повикале за помош утврдил дека станува збор за колонија од 20.000 до 30.000 пчели.
Пчеларот ја отстранил колонијата од куќата и истата ја ”преселил” во својот пчеларник, а на сопствениците од куќата им останува да ги платат трошоците од штетата која што била направена, а која што се проценува на околу 3.000 долари.
Извор: tocka.com.mk