6 C
Skopje
сабота, јануари 25, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Почнуваат уписите во младинската школа на МЗТ

„Тренирај со шампионите, учи од најдобрите“ е мотото под кое петкратниот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром, од четврток, заедно со почетокот на новата учебна година, ќе ги почне уписите во својата младинска школа, а со тоа и со тренинзи во сите возрасни категории.

mzt_skolo

Тоа значи и отворање на салите во кои идните првотимци на актуелниот шампион ќе ги учат кошаркарските мајстории од врвни тренери и во услови кои му доликуваат на тим како МЗТ Скопје и кои тешко може да се најдат во друга средина.

Во младинската школа на аеродромци, талентите ќе имаат одлични услови за напредување, современи методи на тренирање, програма за индивидуално усовршување, туторство од врвни тренери, како и добро дружење и многу забава.

Влегувањето во сино-белото семејство, пак, автоматски ќе значи и можност да соработување со стручниот штаб и ѕвездите на најдобриот тим во Македонија.

Расадникот на идни ѕвезди на МЗТ Скопје и сезонава ќе биде застапен во сите основни училишта во општина Аеродром, каде што сите заинтересирани може да ги одбијат потребните информации и воедно да се запишат во школото кое најмногу им одговара. Тоа може да се направи во следните термини:

ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ –  секој ден помеѓу 18.30 и 20.30 часот

ОУ „Љубен Лапе“ – секој ден помеѓу 17.30 и 19.30 часот

ОУ „Блаже Коневски“ –  секој ден помеѓу 18 и 20 часот

ОУ „Браќа Миладиновци“ –  вторник и четврток од 16-17 часот

ОУ „Лазо Ангеловски“ – секој ден помеѓу 19.30 и 21.30 часот

ОУ „Димитар Македонски“ – понеделник среда и петок од 17.30-19.30 часот

ОУ „Гоце Делчев“ –  секој ден помеѓу 18 и 20 часот

ОУ „Александар Македонски“ – термините дополнително ќе бидат објавени.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.