Почна седницата во грчкиот парламент на чии дневен ред е расправа за недоверба на владата, за што утре се очекува и гласање.
Грчкиот премиер, Алексис Ципрас денеска, во пресрет на гласањето за недоверба, изјави дека избрал да стави крај на 27-годишниот спор за името на Македонија.
Тој во своето обраќање пред пратениците ја бранеше својата политика околу Македонија.
Расправата за гласање недоверба треба да почне два дена по доставеното барање, а да не трае повеќе од три дена. Претседателот на парламентот, Никос Вуцис, викендов соопшти дека грчкиот премиер Алексис Ципрас му испратил допис во кој го известува дека има намера да побара обновување на довербата од парламентот. Барањето на Ципрас следуваше по оставката на колицискиот партнер и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос.
Kаменос поднесе оставка во неделата и неговата партија ја напушта грчката влада. Преспанскиот договор беше клучната разлика помеѓу коалициските партнери, а Каменос истакна дека со Ципрас не успеале да ги надминат разликите за ова прашање.
Преспанскиот договор помина во македонското Собрание, а следен чекор е ратификувањето во парламентот во Грција.