6 C
Skopje
вторник, декември 6, 2022

Видео: Ставете го ова во чевлите на леденото време – веќе нема да пропуштат вода

Надвор температурите се длабоко под нулата, а се најавува уште поледен бран. Токму поради тоа, овој трик супер ќе ви користи. Ако немате водоотпорни чизми...
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Фуркан Салиу: Ова што го слушнав, вечерва не ми дава да заспијам- 3 годишно дете умрело пред очите на родителите

    Новинарот Фуркан Салиу вечерва на социјалните мрежи пренесе трагичен случај, сторија за која вели дека не му дава да заспие. – Скоро секој ден слушам...

    БОГОРОДИЦА СПАСИЛА ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО ОД МАГИИТЕ НА СОСЕДИТЕ: Жената се колне дека се било вака!

    Што не направија! Ни шетаат по дома, особено кога сме на терен или кога ќе стигне платата. Ги праќаат децата да фрлат кокошка или...

    (ВИДЕО) Мојата свекрва истура сол во исечен лимон, веднаш започнав и јас штом дознав зошто

    Сите сме слушнале за многуте корисни својства на лимонот. Се користи при готвење, додаден за време на конзервирање и исто така како додаток во...

    Аркан во своите сефови чувал нешто што во тоа време го немал никој друг на овие простори: Еве што е тоа!

    Павле Стевовиќ, финансискиот директор на сите претпријатија на Жељко Ражнатовиќ Аркан, пред нотар во Нови Сад открил што се Аркан чувал во своите сефови,...

    Почина актерот Славко Нинов

    По кратко и тешко боледување на 74-годишна возраст почина актерот Славко Нинов (1945-2019). Целиот работен век од 1965 година до пензионирањето Славко Нинов го помина во Македонскиот народен театар, а во периодот од 1988 до 1993 година ја извршуваше функцијата директор на Драмата при МНТ.

    Покрај улогите во 50-тина претстави на репертоарот на МНТ Славко Нинов ќе остане запаметен по извонредните интерпретации на стихови од македонските поети Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Кочо Рацин, Блаже Конески, како и на делото „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков. Неговиот глас ја пренесуваше возбудата од стиховите на бројни странски поети кои учествуваа на Струшките вечери на поезијата, а често беше присутен и на промоциите на делата од македонските автори. Тој беше и еден од основоположниците на културната манифестација „Поетска ноќ во Велестово“.

    Првите улоги на сцената на Македонски народен театар Славко Нинов ги остварува во 1965 година во претставите „Дон Цезар од Базан“, „Македонска крвава свадба“, а потоа настапува и во „Ревизор“ (1966), „Случајот во Виши“, „Време од вашиот живот“, „Антигона“, „Сенка“ (1967). Во селективната театрографија ќе ги спомнеме и претставите „Мајка“ (1968), „Печалбари“, „Играта на наредникот Мазгрејв“ (1969), „Венецијанскиот трговец“ (1970), „Херкул и оборите на Авгиј“ (1971), „Животот на Галилеј“ (1972), „Ѕидот водата“, „Деца на сонцето“ (1973), „Потоп“ (1974), „Хемиските потписи на човечките организми во воздухот“ (1975), „Отепвачка“ (1976), „Студенти“ (1977), „Суд“ (1978), „Кенгурски скок“, „Лов на диви пајки“ (1979), „Автобиографија“, „Реферат“, „Беседа“, „Круг“, „Кандид“ (1980), „Молскавици“ (1981), „Граѓанинот благородник“ (1982), „Макавејските празници“ (1983), „Големиот брилијантен валцер“ (1986).
    Покрај актерските улоги Нинов направил адаптација на претставата „Македонски монолог“ (1979), а ги преведувал текстовите за претставите „Зора на истокот“ (1991) и „Мартолозот“ (1992).

    Учествувал во снимањето на филмовите „Ветар во кутиче кибрит“ (1970) и „Вител“ (1972). Учествуваше и во снимањето на познатата телевизиска серија „Волшебното самарче“ (1975). До крајот на својот живот остана посветен на правилната и вознесена интерпретација на стиховите од македонските поети.

    Посмртните останки на Славко Нинов ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел на 26 јануари, во 12 часот, а погребот ќе биде во 13 часот.

    Македонскиот народен театар сочувствува со болката и ја почитува желбата на семејството последното патување на актерот да не се одбележи со комеморација, што впрочем и беше желба на секогаш скромниот Славко Нинов.Вечна му слава!, соопшти МНТ.

    Latest Posts

    Фуркан Салиу: Ова што го слушнав, вечерва не ми дава да заспијам- 3 годишно дете умрело пред очите на родителите

    Новинарот Фуркан Салиу вечерва на социјалните мрежи пренесе трагичен случај, сторија за која вели дека не му дава да заспие. – Скоро секој ден слушам...

    БОГОРОДИЦА СПАСИЛА ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО ОД МАГИИТЕ НА СОСЕДИТЕ: Жената се колне дека се било вака!

    Што не направија! Ни шетаат по дома, особено кога сме на терен или кога ќе стигне платата. Ги праќаат децата да фрлат кокошка или...

    (ВИДЕО) Мојата свекрва истура сол во исечен лимон, веднаш започнав и јас штом дознав зошто

    Сите сме слушнале за многуте корисни својства на лимонот. Се користи при готвење, додаден за време на конзервирање и исто така како додаток во...

    Аркан во своите сефови чувал нешто што во тоа време го немал никој друг на овие простори: Еве што е тоа!

    Павле Стевовиќ, финансискиот директор на сите претпријатија на Жељко Ражнатовиќ Аркан, пред нотар во Нови Сад открил што се Аркан чувал во своите сефови,...

    АКТУЕЛНО

    Во следните 20 години, ОВИЕ 9 земји ќе исчезнат од лицето на Земјата – погледнете ја црната листа!

    Дали некогаш сте се запрашале како би изгледал светот доколку некои земји престанат да постојат? Дали некои земји треба да ги проголтаат другите? Многу...

    Искрена исповед на мајка од Скопје: Мамо ти ми викаш да се женам, а ние немаме ниту нов

    Ова е приказна на жена кој искрено ја раскажува својата приказна поради економската состојав во која таа а и многу други граѓани живеат многу...

    Направете го ова и сметките за вода ќе ви се намали

    Заборавете на убава топла када кога можете само да се бањате. Ова значително ја намалува сметката за вода. Сепак, можете да го направите ова...

    СТАРО ВЕРУВАЊЕ, ОДБИВАЊЕТО НА КУМСТВО СЕ СМЕТА СО ГОЛЕМ ГРЕВ: Ако го направите тоа, ве чекаат вакви последици!

    Да се ​​избере некого за кум е голема одлука, а од друга страна е многу голема одговорност кога некој ќе не избере нас за...

    Супер заработка: Балканци чистат риби за 3.000 долари месечно

    Супер заработка: Балканци чистат риби за 3.000 долари месечно Meѓу Баланците нов тренд за брза заработка стана Алјаска. Се повеќе невработени, но и оние кои...

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.