Оваа приказна е една од многуте кои и те како не потсетуваат дека се што правиме ни се враќа со иста мера, независно, дали правиме добри или лоши дела.
Многу одамна живеел еден сиромашен селанец, кој секој ден продавал масло на селскиот пекар.
Еден ден пекарот се посомневал во чесноста на селанинот и решил да провери дали навистина маслото кое тој му го продавал тежело 1 килограм.
Кога го ставил на вагата потврдил, дека селанинот навистина му давал помалку од она што се имаат договорено.
Пекарот толку многу се разлутил и веднаш отишол кај судијата да го каже неговиот соселанин.
Судија веднаш побарал да биде повикан и сиромавиот селанин кој му продавал масло на пекарот, и го прашал дали тој користи вага и како знае колку масло да стави во садот.
Селанинот го кажал следното: Господине судија, јас сум прост човек. Немам модерна вага, но имам една стара вага.
Тогаш судија го прашал како го мери маслото, а тој му одоговорил:
Господине судија, многу време пред да почне пекарот да купува масло од мене, јас секој ден си купував леб од него. Кога започна да купува масло од мене, јас секое утро, купувајќи од него леб, го ставав лебот на една страна на вагата и му давав толку масло колку што тежи лебот. Ако некој е виновен, што добил помалку масло, тоа е самио тој.
Во животот се што правиме се враќа со иста мера.
На некои луѓе нечесноста преминува во навика. Но кого залажуваат? Очигледно самите себе си.