ВМРО-ДПМНЕ и претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова вечерва пред Влада го одржуваат централниот митинг од кампањата.
Река од народ, симпатизери и партиски членови дојдени се да дадат поддршка на жената за претседателка на државата. Настапи имаат повеќе македонски пејачи, меѓу кои и Миле Кузмановски кој ја пееше песната „Нешто ќе те питам бабо“.
Официјалниот дел на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и нивната претседателска кандидатка Гордана Силјановска Давкова започна со химната на Македонија, која ја изведе Игор Дурловски.