Шпанскиот репрезентативец Пау Гасол (36) потпиша двегодишен договор со Сан Антонио Спарс, вреден 30 милиони долари. Тој на крајот од сезоната ќе има можност да го продолжи договорот или повторно да стане слободен играч.
Сан Антонио ќе биде четврти клуб во НБА кариерата на постариот Гасол, по Мемфис, ЛА Лејкерс и Чикаго. Минатата сезона во дресот на Чикаго, Гасол по натпревар имаше просек од 16,5 поени и 11 скокови.
Американските медиуми пишуваат дека Гасол доаѓа на местото на Тим Данкан кој ќе стави крај на 19-годишната кариера.