Поминаа 10 години од легендарното порно видео на Ким Кардашијан, а се останато е историја.
Видеото од сексот на Ким Кардашијан и нејзиното тогашно момче, Реј Џеј, излезе во јавноста пред точно десет години. Токму ова видео ѝ ја донесе популарноста на реалити ѕвездата, а тоа настално во 2003-та година за време на нивниот одмор во Мексико, кадешто го прославувале 23-тиот роденден на Ким.

Во јавноста, видеото се појавува четири години подоцна, а изворите кои се добро упатени тврдат дека Ким во тоа време со сите сили се обидувала да стане позната, па така Ким дури и лажирала врска со Ник Лаше, кој во тоа време самошто ја прекинал врската со Џесика Симпсон.
Поранешниот уредник на списанието In Touch, Кевин Диксон, открил дека Ким во тоа време секоја недела им испраќа текстови за себе бидејќи сакала да го зголеми нејзиното присуство во медиумите. Сепак, за неа започнале да пишуваат дури откако се појавила во реалити шоуто на Парис Хилтон – The Simple Life.

“Сакавме да има секс со Ник и да стане неговата селебрити девојка. Таа буквално беше подготвена да му однесе кошница со колачиња и да го намами да дојде во нејзиниот дом, но тој не го сакаше тоа, па отидоа само на вечера”, открил новиот уредник и додал дека на вечерата требало да бидат фотографирани од папарацо, но тој им дојавил и на други фотографи па настанал хаос.
Од друга страна пак, адвокатот на Ким, Марти Сингер, тврди дека таа никогаш немала контакт со фотографи. Откако секс снимката излегла во јавност, Диксон се обидел да ја контактира Ким, но не успеал да ја добие, па се обидел да ја побара кај Парис Хилтон. Додека разговарал со Парис ја слушнал Ким во позадина како плаче и тврди дека тоа “не е таа”. Сепак, на крајот Ким се откажала од напорите да го спречи објавувањето на видеото, па се договорила со Vivid во февруари, 2007-ма година.

“Таа на крајот ни ја продаде снимката така што без проблем можевме да ја дистрибутираме”, изјавил основачот на Vivid, Стивен Хирш. За оваа снимка, Ким наводно добила неверојатни пет милиони долари. “Кога започнавме да зборуваме за пари Ким одеднаш се смири и престана да плаче”, додал Диксон.