Последното продолжение од серијалот „Војна на ѕвездите“, наречено „Последниот џедај“, за 20 дена успеа да заработи 1,04 милијарда долари, со што според заработката е на 24. место.

Се очекува филмот да се искачи на тој пласман со оглед на фактот дека неговата премиера во Кина следува допрва.

Засега последното продолжение на научнофантастичната сага го надмина „Убавицата и ѕверот“ на „Дизни“, најуспешниот филм во САД во 2017 година, со заработени 504 милиони долари.