Поранешниот француски претседател, Франсоа Оланд, денеска беше сослушан како сведок во истрагата за убиството на двајцата новинари во Мали во 2013 година.
Новинарите што работеле за радиостаницата РФИ, Клод Верлон и Жислен Дипон, беа киднапирани и убиени во Кидал, град во северниот дел на Мали, на 2 ноември 2013 година, а постојат сомнежи дека тие се убиени од страна на исламски екстремисти.
Нивните тела биле пронајдени во близина на возила што ги користеле киднаперите.
Оланд и на почетокот на овој месец беше сослушан од страна на судијата што го води случајот, а на тогашното сослушување се зборуваше за приватните разговори што поранешниот претседател ги имал со новинраирте, објави „Ројтерс“ повикувајќи се на извори блики до Оланд.
Судот верува дека Оланд во тие разговори споменал информации контрадикторни на истрагата.