Таа има 21, а нејзиното момче со кого планира свадба има 74 години.
Уште пред да влезат во реалити шоу, Милјана и Милојко станаа популарни ширум регионот поради разлика во годините.
Нејзините родители веќе јавно кажаа дека не сакаат да имаат ништо со неа, а сега таа откри дека всушност нејзиниот татко е виновен што таа сака постари мажи.
„Не ме интересира што вели татко ми, не сакам ни да зборувам за него. Мајка ми се јави и ни даде голема поддршка, и да ми се јави татко ми сепак нема да биде се во ред после се што ми направи. Тој отсекогаш беше строг со мене.
Ме малтретираше кога бев мала. Ме тепаше и секогаш ме казнуваше. Не се сеќавам дека некогаш ме земал во скут како ќерка и да ме прегрне. Цел живот страдам поради тоа, затоа и сакам постари мажи- рекла Милјана.
Таа нагласила дека многу и е тешко кога ќе се присети на тие ситуации и дека е многу повредена и тажна кога се присетува на тие денови.
„Многу пати му давав шанса да се подобри, да ми се доближи, но за сиве овие години тој само ме понижуваше и сега се срами од мене, а тоа за мене е многу болно, рекла Милјана.