Летовите од Белград и Виена до Подгорица денеска се откажани, а авионите што сообраќаат на релација од Стокхолм до Подгорица се пренасочени, изјави Милица Бабиќ, портпаролка на црногорскиот аеродром.
Таа рече дека, и покрај снегот, аеродромот е отворен, но летовите се откажуваат.
Авионот на компанијата „Рајанер“ од Стокхолм, кој утрово требаше да слета на аеродромот во Подгорица, беше пренасочен кон Задар, додаде портпаролката.
Според неа, биле откажани и летовите на компаниите „Ер Србија“ од Белград и „Австралијан ерлајнс“ од Виена.
„Тоа што авионите се пренасочени или некои летови се откажани е одлука на компаниите“, рече Бабиќ, која уште еднаш повтори дека аеродромот во Подгорица, и покрај снегот, е отворен.