6 C
Skopje
сабота, јули 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Популарен клуб во Германија извести за можна зараза од смртоносна инфекција

    Соопштението што го објави Здравствениот завод во Берлин, предизвика голема вознемиреност. Сите кои во саботата биле во познатиот берлински секс-клуб „Киткат“ беа повикани итно да се јават на лекар, бидејќи тој ден била организирана фетиш-журка на која присуствувал маж заболен од опасен бактериски менингитис.

    Клубот понатаму наведува дека човекот е во многу лоша состојба, и дека не е познато со кои гости бил во „близок контакт”. Тоа е причината зошто Здравствениот завод издаде соопштение, со цел да извести што поголем број луѓе кои во саботата биле во клубот.

    Секс-клубот наведува дека според првичните информации станува збор за млад човек, кој во саботата присуствувал на фетиш-журка „со пропишан кодекс на облекување: фетиш, лак и кожа, униформи, костуми, елегантна вечерна гардероба, сјај и гламур, екстравагантност од секој тип“.

    Клубот „Киткат“ е познат по раскалашено однесување, а германскиот весник „Билд” вели дека засега не е познато дали меѓу гостите има заразени.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.