По три неуспешни обиди на фризерката да ја постигне саканата нијанса на бојата на коса, бесна муштерика повикала полиција на бројот за итни повици за да ја изрази својата огорченост и незадоволство, објави во неделата полицијата во северна Германија во градот Луеберг.
Полцијата веднаш ја предупредила клиентката дека не смее да го користи тој број за вакви случаеви и дека е наменет исклучиво за итни случаеви, па ако сака оштета треба да поднесе граѓанскка тужба.