Поранешниот лидер на Шкотска Алекс Салмонд е приведен и се очекува да се појави пред суд.
Салмонд е познат по тоа дека е голем поддржувач на каузата за независност на Шкотска.
Шкотската полиција извести само дека 64-годишен маж е уапсен и не сакаа да го откријат идентитетот ниту да откријат за кои кривични дела се гони.
Салмонд е член на Шкотската национална партија, која е на власт, а тој ја имаше премиерската позиција седум години сè до 2014.
Минатата година Салмонд беше исто така обвинет за недолично однесување уште во времето кога бил лидер на владата.