Кристијан Српак, шеф на полицијата во ПУ Меѓумурје, е голем љубител на спортот, особено на фудбалот и трчањето, тој учествуваше во голем број хуманитарни трки и во ниеден момент не се двоумеше да му помогне минатата година на 8-годишниот Иван Сабол од Паловац, откако дозна за хуманитарната акција „Да му помогнеме на Иван”.
Policajac Kristijan trčao za bolesnog dječaka Ivana (9) i prikupio 80.000 kn: 'Sve me boljelo, ali sam bio odlučan'
Policajac Kristijan trčao za bolesnog dječaka Ivana (9) i prikupio 80.000 kn: 'Sve me boljelo, ali sam bio odlučan'
Gepostet von 24sata am Mittwoch, 16. Januar 2019
На семејството на момчето им беа потребни пари за да ги покријат трошоците пред, за време и по трансплантацијата на бубрег во Падова.
Иван се бори за живот уште од раѓањето. Кога имал една и пол година, на момчето му била дијагностицирана хронична бубрежна инсуфициенција и болест „меки коски”, односно деформација на рацете и нозете. Благодарение на годинашната трансплантација на бубрег дониран од неговата мајка Кристина извршена во февруари во Падова, Иван конечно се ослободи од дијализата.
„Минатата година седев со пријателите во едно кафуле, а со нас беше и приватниот претприемач Златко Ѓуркин. Слушнав за болеста на Иван и дека бара помош, па одлучив со трчање да соберам пари, односно претрчаните километри да ги претворам во донација. Се договорив со Златко дека секој мој претрчан километар ќе го стимулира со 100 куни и истиот ќе го уплати на сметка на хуманитарната акција „Да му помогнеме на Иван”. За мене тоа беше начин да му помогнам на Иван, но исто така и предизвик. Сиот живот го посветив на фудбалот и од тогаш веќе 5 пати ги имав оперирано колената. Не бев сигурен дали воопшто ќе го издржам тоа, но бев решен да му помогнам на Иван. Тоа беше мојата прва трка по седум месеци од мојата операција. Истрчав два полумаратона од по 21.200 метри и неколку трки од 10.000 метри. Вкупно за помалку од два месеци, истрчав 70 километри и така набрзина собрав над 7.000 куни кои пријателот Ѓуркин ги уплаќал на сметката на Иван – изјави 43-годишниот чаковчанец татко на три деца, кој собрал вкупно 80 000 куни.
Во неговата акција го поддржале колегите од ПУ Меѓумурје, а потоа и голем број луѓе од сите делови на Хрватска, но и Австрија, Германија, Србија, кои сакале да му помогнат на Иван. Семејството на Иван го помина целиот живот со него во болниците.
Дури и сега, кога хуманитарните донации за момчето се завршени, Кристијан го посетува многу често и му помага на семејствата колку што може. Тој не ни помислува да се откаже од трчањето и од трките што ги планираше, иако по секоја трка поради болните колена, тој одвај одел.
Кога Иван се врати дома од операцијата, Кристијан му вети дека заедно ќе трчаат на чаковечкиот полумаратон во април минатата година и дека ќе добие медал и со тоа ќе ја круниса оваа акција. Тој го стави Иван во инвалидска количка и последните 7 километри го туркаше во инвалидска количка и победи. Момчето беше воодушевено од медалот. Иако го реши здравствениот проблем со трансплантација, го очекуваат уште операции и долго закрепнување поради „брановидни” коски.