6 C
Skopje
среда, декември 6, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Полиграфско тестирање докажува дека порноактерката спиела со Доналд Трамп

    Според резултатите на полиграфското тестирање спроведено пред седум години, до кои дојде „Си-би-ес њуз“, порноактерката Сторми Даниелс ја зборувала вистината кога тврдела дека имала сексуален однос без заштита со американскиот претседател Доналд Трамп.

    За време на испитувањето, Стефани Клифорд, како што гласи вистинското име на порноактерката, одговарала на следниве прашања:

    1. Дали сте имале вагинално-пенетративен однос со Доналд Трамп во текот на јули во 2006 година?

    2. Дали сте имале сексуален однос без заштита со Доналд Трамп во текот на јули 2006 година?

    3. Дали Трамп ви ветил дека ќе влезете во неговото реално шоу?

    Според резултатите на тестирањето, Даниелс на сите три прашања одговорила со „да“.

    Одговорот на првото прашање бил оценет со +9 за вистинитост, одговорт на второто со +6, а на третиот одговор добила оценка +4. Ваквите резултати се доволни за целокупното испитување да се оцени како вистинито, пишува „Инди 100“.

    Белата куќа негира дека Доналд Трамп имал врска со Сторми Даниелс.

    Актерката во филмовите за возрасни сега ги тужи американскиот претседател и неговиот адвокат Мајкл Коен обидувајќи се да го раскине договорот за неизнесување информации, кој ја спречува да проговори за аферата со сегашниот шеф на Белата куќа.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.