Стево Пендаровски стапува на должноста претседател на Македонија на 12 мај, кога му истекува вториот мандат на актуелниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов, откако кандидатот на владината коалиција синоќа ја верификуваше победата на претседателските избори.
Најави дека прво што ќе направи кога ќе стапи на функција е дека ќе ги потпише указите на необјавените законски решенија кои беа повторно вратени во собраниска процедура од страна на Иванов и дека ќе посредува помеќу власта и опозицијата за да се изнајде побргу решение за статусот на СЈО.
– Законот за социјална заштита се уште не е потпишан а тоа е голема срамота. Покрај тоа ќе се обидам да стапам во контакт со Христиојан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и да помогнам да се најде заеднички јазик за да се донесе законот за обвинителство и да се реши иднината на Специјалното јавно обвинителство – рече вчера Пендаровски додека славеше со неговите приврзаници пред седиштето на СДСМ.
Додаде дека тимот од неговиот кабинет веќе му е во глава но и дека има некои имиња за кои размислува да ги ангажира како негови асистенти.
Извор: Faktor.mk