6 C
Skopje
понеделник, мај 20, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Познати сите учесници на ЕП во кошарка

    Завршија квалификациите за пласман на Европското првенство во кошарка, кое ќе се игра наредната година. На собирот на најдобрите европски селекции ќе ја нема македонската репрезентација, која ја прекина успешната низа од четири последователни учества на континеталните првенства.

    eurobasket

    Германија, Полска, Исланд, Грузија, Велика Британија и Украина, во последното коло обезбедија место на ЕП. Претходно тоа го направија Русија, Белгија, Унгарија, Црна Гора и Словенија.

    ЕП наредната година ќе се игра во четири држави кои автоматски изборија пласман (Турција, Романија, Израел, Финска), а од минатиот шампионат се квалификуваа Шпанија, Литванија, Србија, Франција, Хрватска, Чешка, Грција, Летонија и Италија.

    Европското првенство наредната година ќе се игра од 31. август до 17. септември, а завршницата ќе биде во Турција. Титулата ќе ја брани Шпанија.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.