Извлечени се групите за Европското првенство во ракомет, во женска конкуренција, што кон крајот на годината ќе се одржи во Франција.
Македонската репрезентација нема да биде учесник и на ова континентално првенство. Последен пат македонските ракометарки беа дел од европско првенство во 2012 година, кога домаќин беше Србија, а потоа не се квалификуваа за ЕП во 2014 (Хрватска и Унгарија), ЕП во 2016 (Шведска) и ЕП во 2018 (Франција).
Пласман на првенството во Франција изборија 16 селекции кои се поделени во четири групи:
А-група: Данска, Србија, Шведска, Полска
Б-група: Франција, Црна Гора, Русија, Словенија
Ц-група: Унгарија, Шпанија, Холандија, Хрватска
Д-група: Норвешка, Романија, Германија, Чешка
Европското првенство во Франција ќе се одржува од 29 ноември до 16 декември 2018 година.