Најмалку две лица загинаа во пожар што избувна на 15. кат во зграда што се наоѓа во предградие на Москва, соопшти Министерството за вонредни ситуации.
Во соопштението се наведува дека, најверојатно, настрадале работници што врешеле поправки во станот.
Најверојатно, според извори од Министерството, станот целосно е уништен.
Во тек е истрага за да се утврдат причините поради кои избувнал пожарот.