Две лица се повредени во пожар што избувнал вчера во куќа во Кичево.
Според информациите на МВР, вчера во 9 часот било пријавено дека на улица „Влашки пат“ во Кичево, во куќата сопственост на Х.М.(63) избувнал пожар, при што со повреди се здобиле Е.М.(27) и Р.М.(68) од Битола.
На повредените им била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Кичево.
Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево. Засега не се познати причините за пожарот.