6 C
Skopje
понеделник, септември 25, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Побарал развод само неколку часа по венчавката: Не ме изневери, направи нешто полошо

    Саудиец покренал бракоразводна постапка за само неколку часа откако што се венча со неговата сопруга, бидејќи жената била презафатена со бројните честитки од пријателките и немала време да му се посвети на споругот, пренесува The Independent.

    Како што открива член од семејството, по церемонијата, младоженецот ја однесол невестата во хотел каде имале резервирано соба, но откако влегле во собата, невестата „не можела да се тргне од мобилниот“. Младоженецот наводно се обидел да и се приближи и да биде интимен со неа, но се шокирал откако жената целосно го игнорирала.

    – Кога ја прашал за  причината, одговорила дека е презафатена со комуницирањето со своите пријателки кои преку мобилен телефон и го честитале бракот, рекол изворот.

    – Младоженецот ја замолил да ги остави пораките за подоцна, но таа не сакала и се разбеснила.

    Кога младоженецот ја прашал дали пријателките и се поважни од него , таа оговорила потврдно.

    Во расправијата која следела, младоженецот навондо и рекол на жената дека ќе се разведе од неа и го напуштил хотелот.

    Роднината на младоженецот изјавил дека поднел барање за развод, а кога судот го праша парот дали сакаат да се смиратм, младоженецот одбил да и прости на сопругата.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.