Најстариот бугарски град, Пловдив, официјално беше прогласен за Европска престолнина на културата за 2019 година, што беше проследено со голема веселба.
Во неделата речиси 50.000 луѓе се собраа да го проследат настапот на 1.500 домашни и странски изведувачи, кои беа на неколку сцени. До крајот на годината се закажани уште 350 други настани вклучувајќи и изложба на делови од Берлинскиот ѕид, со што ќе се одбележи 30-годишнината од неговиот пад.
Пловдив, град познат по својата етничка разноликост и богатиот културен живот, ќе ја дели титулата со италијанскиот град Матера.