Емоционалната комуникација кон своето дете неможе да остави некој човек рамнодушен на ова писмо, кое многу брзо стана интернет сензација. Најверојатно и на вас ќе ви се наполнат очите со солзи, независно дали сте родител или не. Вреди да го прочитате…
Мило дете,
Сеуште не сум остарела, но кога ме погледнеш таква, биди трпелив со мене и обиди се да ме разбереш. Ако за време на ручек се извалкам или неможам сама да се облечам, биди трпелив со мене.
Потсети се на сите тие часови, кои ги поминавме во учење како да се облекуваш, да одржуваш хигиена и да ги користиш приборите за јадење. Ако додека зборуваме, повторува едни исти работи, не ме прекинувај, ислушај ме. Кога ти беше мал, јас секогаш ти читав една иста приказна за добра ноќ, додека да заспиеш.
Ако несакам да се избањам, не ми суди. Сети се колку време те бркав низ домот и измислував илјада и една причина, за да влезеш во бањата.
Дај ми време да ги разберам технологиите, не ме гледај со потсмев. Јас те научив на многу нешта: како правилно да јадеш, како правилно да се однесуваш, како да се справиш со животните предизвици.
Ако некогаш за време на разговор заборавам нешто, дај ми малку време, за да се сетам, но и ако не успеам, немој да се вознемируваш. На мене ми е важен разговорот што го водиме, но поважно ми е што седам до тебе и ме ислушуваш кога зборам.
Ако несакам да јадам, не ме терај. Самата знам најдобро, кога ми е потребна храна а кога не.
Кога ме болат нозете и неможам да се движам, подади ми рака, точно така како што јас ти подавав кога ти ги правеше твоите први стапки.
Ако одеднаш ти кажам дека повеќе не ми се живее, дека сакам да умрам, не ми суди, еден ден ќе ме разбереш… Еден ден ќе разбереш, дека и покрај сите мои грешки, го сакам само најдоброто за тебе и те подготвувам за патувањето, наречено живот.
Не се растажувај кога ме гледаш таква покрај тебе, биди ми потпората, помогни ми да го завршам моето патување со љубов и разбирање.
А , јас че ти возвратам со бескрајна љубов, која одсекогаш сум ја имала кон тебе.
Те сакам,
Мама.