Кога на мојата мајка за прв пат и беше дијагностициран карцином на дојката, таа беше во потполн шок. Всушност, сите бевме – целото семејство.
Поминавме со неа низ хемотерапија, зрачење и мастектомија. Бевме благодарни што по многу ноќни мори, сето тоа заврши. За жал, две години подоцна беше откриено дека ракот се вратил проширувајќи се на лимфните жлезди, коски, бели дробови.
Сето тоа беше премногу за нас. Изгледаше како борба која никогаш нема да ја освоиме. Додека сите молчевме и плачевме во себе, мојата мајка беше најхрабрата од нас. Таа ни кажа дека ќе се избори со сето тоа. Не знаевме што да и кажеме.
Драстично ја промени исхраната. Престана да јаде многу состојки кои ги конзумирала претходно. Почна да оди на јога и да вежба. Тешка беше борбата, претешка за сите нас, а најтешка за неа.
Тогаш сфатив дека мојата мајка е многу повеќе од моја мајка, таа е најхрабрата жена која ја знам. Таа е силна, паметна и упорна жена која највеќе од се сакаше да остане што подолго со своето семејство и пријатели.
Таа веќе не е меѓу нас, но таа направи се што може за да остане подолго на овој свет. Јас никогаш нема да ја заборавам нејзината борба, но и нејзината огромна сила. Постојано велеше „не ми е дојдено времето да си одам“. Веќе, кога мораше да замине, постојано ни повторуваше колку не сака.
Таа е мојот ангел чувар, но и мојата животна инспирација.
Извор: Skopjeinfo.mk