Благодарам на првиот, кој ме научи, дека пријателството може да обстане преку глупоста на тинејџерството, поминато низ деноноќните журки.
Благодарам на вториот, кој ме обожаваше, ме натера да се чувствувам зрела, созреана, сигурна и посакувана. Едниствено жалам, што тој беше најдосадниот маж на светот.
Благодарам и на првиот маж, кој остана со мене кај моите родители. Морам да ти признаам, ме научи дека и мажите можат да се воспитаат.
Благодарам на мажот, кој ме научи да кажам НЕ. На тебе не ти го кажав, но после тебе се запознав себеси подобро.
Како и на мажот, кој го запознав една петочна вечер, кој ме праша дали ќе се омажам за него, а кога кажав “не” се засмеа и после имавме незаборавна ноќ.
Засекогаш ќе се сеќавам и на тебе, американецот, кој го запознав на плажата. Ме натера да се чувствувам како единстветната девојка наоколу, секси и посакувана. Одкога те запознав, се чувствуаме едно скалило поуверена.
Благодарам и на мажот, кој обожаваше да седи на отворено со мед и семиња во рацете за да ги храни птиците. Жалам, што веќе не сме пријатели. Кога се запознавме, не се ценев себе си, бев премногу расеана за да те задржам до мене.
Благодарам на сите мажи, кои ме натераат да се чувствувам како да треба да глумам одредена улога, за да го добијам нивното внимание и да се однесувам речиси како папагал, за да ме погледнат.
Многу се радувам, што ве запознав, зошто сега многу јасно знам каков човек несакам до мене и колку многу сакам да дадам од себе на некој друг.
Спиев со многу мажи. Толку многу, што дури не трепка кога ја гледам сцената од “Четири свадби и еден погреб” во која Хју Гранд зборува со колку мажи спиела таа.
Во крајна сметка, оваа писмо е до нај-важниот маж, кој немогаш сум запознала. Мажот со кој си купивме куќа. Мажот, кој сакаше да се омажи за мене и со кого го прошетавме светот. Мажот, кој ме остави.
Ме остави во денот, во кој ги земавме клучевите од нашиот нов дом, затоа што не беше спремен да го напушти својот дом. Маж кој неможеше да поднесе да живее далеку од својата мајка.
Ти благодарам. Без тебе немаше да знам на што се сум способна да поднесам и преживеам. Без тебе никогаш немаше да бидам способна да си ги замислам прекрасното семејство кое го имам, кое ме сака и ме поткрепува, како и јас него. Без тебе немаше да бидам тоа што сум денес, себе си!
Накрај сакам да кажам благодарам на мажот, кој го сакам. Мажот, кој ме научи како е да бидеш сакана, да даваш и да добиваш, да изградиш свој семеен живот. Ти си нај-прекрасниот човек, кој некогаш сум запознала!
На сите останати мажи, со кои сум спиела, благодарам, што ме научивте како да се сакам себе си но и другите, како да ценам и да бидам ценета, како да се кренам од дното и да продолжам да помогам на луѓето околу мене, да го направат истото.
Ви благодарам. Без вас немаше да го имам него!
Извор: Текстот е објавен во онлајн изданието на британскиот весник The Guardian. Писмото е испратено од анонимен читател до редакцијата.