6 C
Skopje
сабота, октомври 5, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Писмо до детето, кое не посакавме да го имаме!

    Текстот е објавен во онлајн изданието на британскиот весник The Guardian. Писмото е испратено од читател во редакцијата на медиумот. 

    majka-dete

    Минатата година една пријателка испрати до мене и твојот татко божиќна картичка, во која ни посака спокојство и радост. Под новостите околу неа, сврзани со нејзините две мали деца, таа напишала, дека во текот на последната година имала многу радосни моменти, но многу малку спокојни моменти.

    Па така, ние со татко ти решивме да избереме спокојство пред радост. Ете тоа е причината, поради која ти не постоиш. Во поголем дел од времето, кога сме дома на тишина и спокојство, кое го носи одсуството на деца во домот, сум среќна со нашето решение. Но..

    Но понекогаш се чудам на што го завртев грбот и што пропуштам.

    Никогаш нема да знам какво е чувството да те гушнам силно и да се чувствувам исполнета со љубов кон тебе, толку силна, што ништо нема да може да ја замени. 

    Нема да знам како е да се гушкаш со мене на двоседот, додека заедно ја разгледуваме книгата со сликички. Нема да можам да ти ја помирисам косата, уште мокра, бидејќи нема да можам да те убедат дека треба да ја исушиме.

    Нема да загледам во така истакнато кафените очи, истити како на татко ти. Наместо овие работи, јас одлучив да се задоволам со топлината од нашето маче.

    Двоседот ќе си остане целосно чист, без никакви дамки.

    Веќе ми недостига да седам со тебе на масата во кујната. Ах да можевме, ќе ги украсуваме свежо испчените слатки заедно. После ти од негде ќе извадеше некои кутии, и ќе ги обоеше во сребрено, како робот, при што татко ти ќе се налутеше бидејќи сакал да изгледаат убаво, но ти сепак си 4ри години, како ќе може на тебе да се налути некој?

    Совршено окосената трева во нашиот двор немаше да биде ни малку совршена по нашите игри во неа, знаејќи дека на секое подавање на топката, ти ќе ја испуштеше на тревата или ќе отидеше право во цвеќињата.

    Место каде работа дома, ќе си остане подредено и само за мене. Нема да се случи, да се чудам каде да ги наместам моите работи, за да ослободам место за тебе. Јас и татко ти ќе продолжиме да ги правиме што сакаме, кога сакаме и колку сакаме, нема да се обврзуваме со тебе. Нема никогаш да се грижиме што треба и што нетреба да зборуваме пред тебе.

    Да, ние го направивме нашиот избор. Не можев да се одлучам да те имам и после сватив, дека одлуката ја донесов врз основа на стравовите, кои донекаде ми се оправдани. Не сакам да те обвинувам за сите грижи, кои неминовно ќе ги донеше со себе.

    Но… , ах тоа но…
    Но дел од мене веќе жали за донесената одлука. Можеби затоа што никогаш нема да знам дали избирајќи го овој спокоен, подреден живот, не го исуштам нај-чудесниот хаотичен и прекрасен дел од мојот живот со најпрекрасно мало дете на светото.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.