Џефри Мичелс е ветеран на американската воздухопловна бригада кој мистериозно исчезнал пред повеќе од 40. години, а неговото исчезнување со години останало неразјаснета мистерија.
Тој е пронајден по цели 40. години и тоа жив и здрав во својата куќа во Флорида, а сега поради тоа ќе оди и зад решетки.
Имено, тој живее со децата и жената, а го сменил само презимето за да не го пронајдат, и сега се вика Џефри Ланц.
64-годишниот пилот ќе добие казна за напуштање на војската и лажните документи, а му се закануваат 5 години затвор за делото.