Потребно е:
4 пилешки парчиња бело месо
250 гр спанаќ
100 гр панцета
4 млади кромидчиња, исчистени и ситно исецкани
200 гр маскарпоне сирење
50 гр пармезан, изрендан
маслиново масло
сол, бибер

Подготовка:
– Спанаќот бланширајте го неколку минути во вода што врие, исцедете го и ставете го неколку минути во сад со ладна вода. Повторно исцедете го со раце и исецкате го на ленти.

– Во широка плитка тава на малку маслиново масло и на средна температура пропржете ја панцетата исецкана на коцки. Потоа додадете го и сецканиот кромид.

– Кога ќе омекне кромидот додадете ги спанаќот, маскарпонето и пармезанот. Зачинете со сол и бибер и трнете го на страна да се излади.

– Во парчињата пилешко месо со остар нож исечете отвор како џеб, посолете ги и наполнете ги со филот од маскарпоне и спанаќ. Џебовите затворете ги со чепкалки за заби.

– Наполнетите парчиња пилешко месо ставете ги во тава за печење, посипете со малку маслиново масло и ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 25 минути.