1. Крвна група
Лицата со крвна група 0 повеќе ги привлекуваат комарците од оние со крвна група А или Б.
2. Бременост и прекумерна тежина
Базалниот метаболизам означува колку вашето тело троши калории во состојба на мирување. Тоа што влијае на привлекување кај комарците е количината CO2 кое телото го издишува додека согорува енергијата. Бидејќи здодевните штетници привлекуваат CO2, оние кои повеќе го испуштаат се во поголема „опасност“. Бремените жени и лицата со прекумерна тежина имаат поголем базален метаболизам.
3. Боја на облеката
Потемната облека, особено црната или темно сината, повеќе ги привлекува комарците од светлите бои. Тие кои носат потемни облеки повеќе се истакнуваат, од оние облечени во посветли тонови.
4. Алкохол
Токму како и ние и комарците сакаат да го почуствуваат пивото или виното во топлите летни вечери. Оние кои пијат се во поголема опасност од иритантните каснувања, затоа што брзо дишат и често имаат топла кожа.
5. Движење
Што повеќе се движите или гестикулирате, толку повеќе сте интересни за комарците, затоа што така се издвојувате од другите.
Совет плус:
Комарците се најактивни во зора и самракот, односно кога ветерот е најслаб и кога има најмногу влага.
Вклучете го вентилаторот во ваша близина (не директно кон вас) затоа што комарците не можат да летаат брзо.
Кремите и лосионите за заштита од комарците на кожата делуваат до 90 минути.