Некои од овие работи можеби ќе ве насмеат и навистина се неромантични, но верувајте се вистинските знаци дека сте со сродната душа. Ако не верувате, обидете се да замислите дека ги правите со некој друг…
Обожувате заедно да ги правите суперздодевните обврски како што се купување, плаќање сметки и слично.
Повеќе се забавувате кога дома пред телевизорот заедно јадете нарачана храна отколку да одите во ресторан со 5 ѕвездички.
Една од омилените работи ви е тоа што еден пред друг можете да јадете што ќе поскате, без грижа дали ќе изгледате добро.
Некако уште повеќе се вљубувате во него кога го видовте како спие со подотворена уста.
И не ви пречи да ви го гледа лицето додека спиете.
Вие, секако, си се допаѓате еден на друг кога ќе се дотерате, но омилени верзии ви се кога сте во вашите омилени стари маички и фармерки.
Успева да ве натера да излезете кога ви е потребно тоа.
Не ви е потребно јавно покажување на нежноста. Повеќе се забавувате со насмевка ја раскажувате анегдотата што само вие двајца ја знаете.
Ве поттикнува и охрабрува, но и одбива да ви попушта
Можете отворено да зборувате за своите телесни функции и да се смеете за тоа.
Имате свој лексикон на зборови: вистински или измислени зборови и фрази што имаат посебно значење за вас двајца.
Некои од прекарите со кои се нарекувате меѓусебно немаат врска со класичните “мила“ или “сонце“ . Наместо тоа се нарекувате “лудак“ “вештерка“… и вие всушност го сакате тоа.
Кога вашиот партнер ќе се разболи ништо не ви е тешко бидејќи самата сте концетрирана на грижата за него.
Можете јавно да си кажете еден на друг кога сте си здодевни или напорни и не се лутите, иако се е базирано на вистина.
Можете да седите и да молчите и да не се чувствате чудно.