Најмалку пет лица загинаа во судир на хеликоптер и мал авион на границата меѓу Франција и Италија, соопштија властите. Спасувачите пронашле и двајца повредени во несреќата, напиша на „Твитер“ италијанската планинска спасувачка служба.
До местото на несреќата биле испратени два хеликптера со доктор и спасувачки тимови. Спасувачите биле опремени со метални стапови. Повредените итно биле пренесени во болница.
Сè уште не е позната причината за несреќата што се случи во Ла Туил, популарен ски-ресорт во севернозападна Италија.