„Пежо 3008“ е прогласен за еден од најпроизведуваните автомобили во Франција во 2018 година. Производството се одвива во фабриката на PSA групацијата во Сошо. Овој SUV ја носи ознаката Origine France Garantie уште од самото лансирање во октомври 2016 година.
Моделот беше произведен во 258.460 примероци во Франција во 2018 година, пред „тојота јарис“ со 248.541 примероци. Секој ден околу 1 000 возила „пежо 3008“ се произведуваат во фабриката на PSA групацијата во Сошо која исто така има произведено над 23 милиони автомобили.
„Пежо 3008“ беше развиен од страна на проектанските тимови во Сошо и тестиран на патеките на тест-центарот Centre d’Expérimentation во Белшамп.
Моделот е голем успех за брендот од самото лансирање. Тој е трето најпродавано возило во Франција во 2018 година и воедно придонесува за премиум статусот на „Пежо“ во категоријата SUV во Европа заедно со 2008 и 5008. „Пежо 3008“, исто така е лидер во C-SUV сегментот кај B2B корисниците и е рангиран на второ место место во сите категории на регистрирани патнички автомобили.
„Пежо 3008“ има освоено 63 светски награди и беше прогласен за автомобил на годината во 2017 од 58 европски новинари од 22 земји.
(ПР текст)