6 C
Skopje
недела, јуни 23, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Педесетгодишен пациент излегол од операција со две срца

    Пациент од Индија на возраст од 50 години трабало да добие ново срце преку стандардна трансплантација, но во текот на операцијата лекарите сфатиле дека срцето што било од донор тинејџер е премногу мало за него.

    Поради тоа, докторката Гопала Кришна Гокале одлучила да премине на план Б, пишува „Индипендент“.

    Имено, таа решила да го поврзе новото здраво срце со тоа на пациентот. Операцијата траела седум часа, а новиот орган бил сместен меѓу старото срце.

    „Двете срца се надополнуваат меѓусебно, но чукаат во различен ритам“, вели докторката Гокале. „Таква интервенција се изведува еднаш во животот, многу е ретка и досега се регистрирани само 150 такви случаи“, додава таа.

    Еден од овие случаи бил забележан и во Обединетото Кралство. Двегодишното бебе, кое тогаш го добило второто срце, на тој начин живеело повеќе од десет години по што донаторското срце било извлечено во 2006 година, а нејзиниот орган почнал да работи со целосен интензитет.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.