Димитри Паје го обележа првиот денод15-то Европско првенство во фудбал. Играчот на Вест Хем, во победата на Франција над Романија од 2-1, постигна спектакуларен гол во претпоследната минута од натпреварот.
„Ова беше исклучително тежок и емотивен натпревар за нас. Солзите? Токму преголемите емоции ги предизвикаа моите солзи“, рекол Паје.
„Овој резултат е плод на напорна работа. На почетокот на сезоната не можев да помислам дека ќе бидам тука. Некој да ми кажеше дека ова ќе ми се случи немаше да му верувам. Но токму тоа се случи и сека сакам да уживам во моментот“.