6 C
Skopje
недела, септември 24, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Патарини: Кај нас грабеж, во соседството попуст за редовните возачи (инфографик)

    Македонија е една од ретките балкански земји каде што не е воведена месечна или годишна карта за плаќање патарина.

    Така, возачите што секојдневно патуваат од Тетово, Велес, Куманово, Гостивар или Гевгелија за Скопје треба да платат и по неколку пати повисока цена за користење на услугите на патиштата во споредба со соседните балкански земји.

    Во Бугарија, на пример, електронската вињетка за еден месец чини 940 денари. Со неа може да се патува со автомобил на било кој пат низ земјата, неограничен број на пати во месецот.

    За разлика од Бугарија, еден граѓанин од Гостивар или Гевгелија треба да потроши неколку пати повисока сума за патарини во текот на месецот. „Мета“ направи пресметка колкави средства треба да издвојат македонските граѓани, доколку со својот автомобил треба секој работен ден да патуваат кон Скопје.

    Па така, доколку треба да се одработат деновите во јуни 2019 година, граѓаните од Гостивар ќе треба да потрошат фрапантни 5.320 денари за патарини за својот автомобил. Оние од Гевгелија, би требало да одвојат дури 6.840 денари, додека патарините во работните денови во јуни меѓу Скопје и Велес би чинеле 4.560 денари за еден автомобил.

    Целиот текст на овој ЛИНК

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.