6 C
Skopje
вторник, април 16, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Партијата на Села објаснува што значело албанското знаме во Охрид

    Алијансата за Албанците соопшти дека е загрижена во врска со реакцијата на Секторот за внатрешни работи-Охрид, бидејќи според нивни информации, двајца членови на фолклорна група од Косово, биле притворени од страна на полицијата поради поставувањето на албанското знаме на Самоиловата тврдина во Охрид.

    –Истакнувањето на албанското национално знаме, според информациите со кои располагаме, не било насочено како провокација против никого, туку било дел од сценографијата на групата игрорци од Културно-уметничкото друштво на Арберешите. Истакнувањето на албанското национално знаме на Самуиловата тврдина претставува ниту законски прекршок ниту опасност за никого, особено кога се знае дека во Северна Македонија, Албанците сочинуваат една третина од населението и се автохтон народ. За нас како Алијансата, загрижува фактот што кога станува збор за Албанците и нивните национални симболи, со жалење можеме да констатираме дека воопшто не се променило логиката и дискриминаторскиот менталитет, што било карактеристично за југословенскиот комунистички систем и истиот тој менталитет продолжува до денес, велат од Алијансата.

    Алијансата за Албанците смета дека овој инцидент воопшто не ѝ помага на државава во нејзината евроатланска определба.

    Претходно денеска големо албанско знаме беше поставено на Самуиловата тврдина. Од СВР Охрид истакнаа дека се работи за членови фолклорна група кои биле повикани на разговор.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.