Портпаролот на моќната паравојска на Либија со седиште во источниот град Бенгази изјави дека нивните трупи почнале операција за чистење на југот на земјата од исламски милитанти и од криминалци, пренесува РТ.
Ахмед ал-Месмари од самопрогласената Либиска национална армија, која е под команда на маршалот Калифа Хафтар, во вторникот рече дека операциите имаат за цел да ги елиминираат бандите, терористите на Исламска држава и криминалците” од југот.
Тој рече дека операцијата, исто така, ќе се обидат да ги запрат нелегалните мигранти од субсахарска Африка, опишувајќи ги како меѓународен пробле”.
ОН неодамна изразија загриженост поради влошената безбедност во јужна Либија.