Панетоне – италијански леб

Потребно е:
1 чаша (од 250 мл) суво грозје
2 лажици светол рум
2 лажици топла вода
500 гр брашно
150 гр шеќер
1/2 лажиче сув квасец
1/2 лажиче сол
1/4 лажиче изрендана кора од лимон
1/2 ванила стапче
3 јајца
160 мл млака вода
1 лажица мед
10 лажици путер. убаво изматен
1 лажица путер, истопен
1 лажица путер, ладен
150 гр кандирана кора од портокал

Подготовка:

– Во еден мал сад ставете го сувото грозје и прелијте го со рум и 2 лажици топла вода. Оставете да стои на собна температура со повремено мешање, најмалку 8 часа.

– Во еден сад ставете ги брашното, шеќерот, квасецот, солта, ренданата кора од лимон и внатрешноста од ванила стапчето. Изматете убаво со миксер.

– Во друг сад изматете ги јајцата, млаката вода и медот. Оваа смеса со постојано мешање додадете ја во смесата со брашно. Зголемете ја брзината на миксерот и матете додека да добиете хомогена смеса. Додадете го изматениот растопен путер, лажица по лажица. Постојано матете околу 8 минути, додека тестото не стане мазно и еластично.

– Исцедете го сувото грозје од вишокот течност и помешајте го со кандираната кора од портокал и 1 лажица растопен путер. Оваа смеса додадете ја кај тестото и убаво измешајте со дрвена лажица.

– Тестото префрлете го во еден поголем сад, покријте го со пластична фолија и ставете го во изладена рерна со затворена врата, додека не ја утростручи големината, 12-15 часа.

– Тестото посипете го со малку брашно и внимателно префрлете го на набрашнета работна површина.

– Страните и дното на калапот за печење намастете ги со малку масло и покријте ги со хартија за печење. Тестото посипете го со брашно, а потоа краевите на тестото превиткајте ги кон центарот и оформете топка. Превртете ја од опачината и префрлете ја во калапот за печење. Покријте ја со влажна кујнска крпа и оставете да расте на собна температура, се додека тестото не нарасне до краевите на калапот, 3-5 часа.

– Рерната загрејте ја на 190 целзиусови степени.

– Расечете го нараснатото панетоне тесто со остар нож, така да направите Х буква. Прелијте ја Х буквата со 1 лажица растопен путер.

– Калапот ставете го во загреана рерна и оставете да се пече 60-75 минути. Проверете дали е печен панетоне колачот со чепкалка за заби.

– Печениот панетоне колач извадете го од калапот. Земете долги дрвени стапчиња за раженчиња, избоцкајте го панетонето на 4 места и завртете го од опачината. Оставете го да стои така додека потполно да се излади.

– Ако сакате панетонето да остане мек и до недела дена, замотајте го во пластична фолија и чувајте го на собна температура.