Министерот за култура Асаф Адеми поради здравствени проблеми поднесе оставка на неговата позиција во Владата.
На последниот состанок од Централното претседателство на партијата тој побарал да поднесе оставка, која што била прифатена од највисокото партиско тело.
Тој останува во партијата и ќе продолжи да помага во нејзиното функционирање.
Според неговите информации, Алтернатива ќе продолжи да го раководи ова министерство.
Инаку, на функцијата министер за култура тој дојде во јуни минатата година наследувајќи го Роберт Алаѓозовски.