Обвинителството денеска поведе истражна постапка против шест лица за автобуската несреќата кај Ласкарци, во која загинаа 15 граѓани. Меѓу осомничените е и возачот, за кој обвинителот Сашо Рајчев истакна дека водел со недозволена брзина односно со 99 км на час.
Поради неприлагодената брзина на патот, возачот изгубил контрола над автобусот, по што преминал во другите ленти и на крајот излетал од патот. Поради техичките проблеми на сопирачките, односно уредот делумно работел, пак не можел да го запре возилото, рече Рајчев.
Тој дополни дека автобусот смеел да се движи со максимална брзина од 80 км на час.
Вештачењето на телефонот на возачот пак покажало дека во моментот на несреќата тој не зборувал на мобилен.
Обвинителот откри и дека би манипулиран тахографот на автобусот, уредот кој ја мери брзината со која се движи возичото, односно бил наштиман да покаже помала брзина.
Извор: Libertas.mk